Македонија

Албанскиот министер за надворешни работи Цакај во посета на нашата земја

Министерот за надворешни работи на Албанија и овластен министер за Европа Гент Цакај, денеска ќе присуствува во официјална посета на Република Северна Македонија. Тој ќе биде примен од неговиот колега, министерот за надворешни работи на нашата земја Никола Димитров.

Се очекува на разговорите да бидат посветени прашања за билатералните односи на двете земји и за понатамошната соработка во областа на економијата, трговската размена и интерконективноста.

Покрај тоа, Цакај ќе оствари средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни