По страшната трагедија која се случи неодамна и го шокираше филмскиот свет, кога актерот Алек Болдвин, не знаејќи дека има наполнет пиштол, ја уби директорката на фотографија, Халина Хачинс, се случи уште една несреќа.
Имено, работникот од сетот на филмот „Rust“ („Рѓа“), Џејсон Милер, бил каснат од отровен пајак.
Странските медиуми брифираат дека тој би можел да ја загуби раката поради отров.
Немилиот настан се случил додека работникот им помагал на другите да ја затворат сцената по страшната трагедија која го шокираше филмскиот свет на 22 октомври. Го каснал кафеав единечен пајак, инаку многу отровен вид, пренесува New York Post.
