Алекс Фергусон ќе добие споменик пред стадионот на Абердин

Сер Алекс Фергусон, легендарен шкотски фудбалски тренер, ќе добие споменик пред стадионот „Питодри“.

Овој споменик ќе биде како признание за неговиот успех со екипата на Абердин во текот на 80-те години од минатиот век.

Фергусон го предводеше Абердин од 1978 до 1986 година, пред да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед.

Со Абердин освои три шампионски и четири куп титули во шкотскиот фудбал, а триумфираше и во Купот на победниците на куповите на УЕФА. Фергусон по преселбата во Манчестер освои со „црвените ѓаволи“ 38 трофеи.

„Воодушевен сум и почестен со ова признание. Во Абердин минав фантастичен и незаборавен дел од мојата тренерска кариера“, изјави 79-годишниот Фергусон за официјалниот сајт на Абердин.