Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во вторник, 10 мај 2022 година, ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој е предвидено да престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.
Во фокусот на разговорите на министрите Османи и Шаленберг ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја, состојбите во Регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата. Соговорниците ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Покрај средбата со неговиот домаќин, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.
Агенда:
09:00 – 09:05 Пристигнување на Министерот, Шаленберг во МНР
09:05 – 09:25 Тет-а-тет средба меѓу министрите Османи и Шаленберг
09:25 – 09:45 Заедничка прес конференција на Османи и Шаленберг