Александра Пријовиќ се повлекува од сцената – на својот последен концерт изгледаше поубава од кога било досега

Пејачката Александра Пријовиќ сега Живојиновиќ, го одржа својот последен концерт пред да замине на боледување.

Концертот помина одлично впрочем како и секогаш, а Александра блескаше во сребрен фустан со кој ги воодушеви сите на нејзинито настап во Швајцарија. Под фустанот се наѕираше нејзиниот труднички стомак, а многумина коментираа дека Александра е поубава од кога било досега.

Пејачката накратко се повлекува од сцената, како би ја одржувала бременоста, а на сцената се враќа откако ќе се породи.

Таа и Филип неодамна се вратија од нивното патување во Јамајка, од каде пејачката редовно објавуваше фотографии на кои е во костими за капење и на кои нејзиното тело се уште изгледаше топ.

 

Нејзините обожаватели беа воодушевени кога се прошири веста дека пејачката е бремена, а таа на почетокот не се огласуваше во медиумите по тој повод се додека на Инстаграм не ја сподели среќната вест дека чека машко дете.

Александра неодамна со помош на најсовремен тест „Veracity“ во една приватна клиника дозна од кој пол ќе биде детето.

И пејачката Лепа Брена не крие дека е емотивна кога се разговара за нејзината снаа која наскоро ќе им го донесе нивното прво внуче во домот.

На прашањето кој се променил повеќе Александра или Филип откако двајцата дознаа дека ќе станат родители, пејачката вели дека Филип од секогаш бил поразумен.

-Филип од секогаш бил озбилно момче, кое веќе има и сериозен број на години, вели Брена.

Таа додава дека нејзиниот сопруг Боба прв дознал за среќната вест, па ни соопшти на сите, па сите и плачевме.

-Еве јас кога зборувам за ова ми доаѓаат солзи на очите и ми иде да заплачам. Тоа се неконтролирани емоции, јас не знам како ќе го дочекам март да се породи Александра, истакна Брена.