Алијанса за Албанците донесе одлука Арифи итно да биде исклучен од партијата

На состанокот на Алијанса за Албанците кој се одржа на 10 април годинава, на кој се разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен за земање мито се донесе одлука тој итно да биде исклучен од партијата.

– AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет – соопштија од партијата.

Арифи и негувател од Геријатрија се во 30-дневен притвор, бидејќи се осомничени за примање 20 илјади евра „капар“ за да хоспитализираат неподвижна 42-годишна пациентка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното