Алијанса за Албанците ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста за изгласаниот закон за амнестија за настаните од 27 април. Пратеникот од оваа партија, Сурија Рашиди вели дека законот е противуставен и дека неговата партија и дека иницијативата наскоро ќе ја поднесат во Уставенс суд. Од Алијанса за Албанците сметаат дека со носењето на овој закон се прави неправда кон другите затвореници, кои служат казна за помали дела. Претходно, и самиот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека со амнестијата се врши упад во правосудството и се убиваат надежите на граѓаните за општество без криминал. Алијанса за албанците има двајца пратеници, ниту еден од нив не гласаше за законот за амнестија.
„Алијанса за Албанците категорично го осудува носењето на овој закон и ќе го обжали пред Уставниот суд за да ја оцени неговата уставност. Сметаме дека овој закон е противуставен, бидејќи е донесен за само еден настан, за еден ден и за неколку лица, а особено бидејќи сме свесни оти низ затворите во Македонија служат казна луѓе кои направиме слични, или помали дела од ова“, вели Сурија Рашиди.
