Младинскиот форум на Алијансата за Албанците изразува сериозна загриженост поради трендот на намалено учество на Албанците во јавната администрација во Северна Македонија. Според неодамна објавените податоци за вработување во државните институции, забележлива е системска и континуирана маргинализација на албанската заедница, која е сè повеќе исклучена од процесите на вработување и унапредување во државните органи. Од Форумот велат дека ваквите политики, спроведувани под силно влијание на ВМРО-ДПМНЕ, го поткопуваат меѓуетничкиот соживот и принципот на еднаквост на сите граѓани.
„Во едноставна нумеричка анализа, од вкупно 205 неодамнешни вработувања и унапредувања во институции како што се: Заводот за статистика, Државниот архив, Управата за јавни приходи, Министерството за култура, Централниот регистар, Царината, Хидроелектраните во Струга, Маврово-Ростуше и Спиле Дебар, а неодамна и во РЕК Битола, само 2 Албанци се вработени или унапредени во овие институции, наспроти 205 Македонци. Оваа алармантна диспропорција е јасен показател за намерна политика за намалување на застапеноста на Албанците во администрацијата.
Во овој контекст, одговорноста паѓа директно и врз првиот вицепремиер, Изет Меџити, кој не успеа да ги заштити интересите и застапуувањето на Албанците во владата. Неговото недејствување во однос на оваа отворена дискриминација го прави соодговорен во овој опасен антиалбански и антиевропски процес. Вицепремиер кој не реагира кога Албанците се исклучени од институциите, не ги претставува Албанците!
Затоа, МФАА ги повикува сите млади Албанци да не го прифаќаат молчењето како нормалност и да не стануваат жртви на манипулациите на еден стар систем со нови актери. Рамноправноста не се дава, туку се добива преку реакција, организирање и постојан притисок. Бараме транспарентност, вистинска застапеност и целосна еднаквост во секоја институција. Доколку ова не се гарантира, тогаш младите ќе реагираат со сите демократски средства за да го запрат овој опасен процес. Иднината на Албанците нема да се гради врз молчењето на вазалите, туку врз гласот, организирањето и решителноста“, велат од партијата.