Откажано рочиштето против компанијата „Беса транс“ во чиј автобус во ноември минатата година животот го загубија 45 граѓани на Македонија.
Рочиштето е одложено за 15 ноември. Одложувањето е поради неисполнети услови за одржување на јавното рочиште поради тоа што обвинетото правно лице немаше службен застапник.
Судот не прифати Хаџиу да е застапник на фирмата, поточно застапник на правното лице додека е во својство на обвинет.
Во меѓувреме, адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса транс“, рече дека треба да се направи разлика меѓу немилиот настан што се случи минатата година во Бугарија и овој судски процес, бидејќи тие не се поврзани.
Инаку, за овој случај обвинети се физичко и правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување документи“.