Алкараз има невозможна мисија: Шпанецот мора да мине голгота по Ѓоковиќ, а потоа го чека нов меч…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз играат егзибициски меч во Ријад, кој треба да послужи и како увертира за настаните што следат во јануари, кога се очекува првиот тениски Грен слем, во форма на Австралија опен, меѓу други работи.

Ѓоковиќ и Шпанецот прикажуваат неверојатен тенис во Ријад, на што говори и фактот што веќе одиграа три сета, но она што е интересно е фактот дека Алкараз има уште еден набрзо по овој меч.

Имено, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ во среда на 27 декември во 17 часот и 25 минути го започнаа својот натпревар и истиот отиде во три сета, кои траеја повеќе од два часа. Она што е чудно е што Карлос Алкараз го има својот нов егзибициски меч во родната Шпанија, по едвај 25 часа.

Алкараз треба да игра во Мурсија против Роберто Баутиста Агут со почеток од 20:30 часот во Мурсија, што значи дека до новото појавување на теренот ќе има помалку од 20 часа за патување во Шпанија, одмор и се останато.

Изгледа како вистинска невозможна мисија за еден млад тенисер.