Амандманите, реагира албанската опозиција, бара грижа и за Албанците во дијаспората

Собранието ги изгласа и двата нацрт-амандмани за уставните измени на Преспанскиот договор. Амандманот 35 предвидува да се почитува сувереноста, територијалниот интегритет и независноста на соседните држави. Додека амандманот 36 предвидува Републиката да се грижи за припадниците на македонскиот народ, кои живеат во странство.

Во врска со ова реагираа албанските пратеници од опозицијата.  Тие побараа во четвртиот амандман, дел од Уставните измени да биде и албанската дијаспора.

„Сметам дека ова прашање треба да се регулира со 36 амандман, се посветува грижа за македонската заедница, а треба да им се води грижа и за албанската заедница и другите заедници или државјани кои го користат овој амандман, кои живеат надвор од земјата. Грижа за граѓаните треба да биде иста надвор од РМ и да не ги дели според граѓанското право, а другите да се грижат за културните и историските права и наследството“, изјави Фадил Зендели, пратеник на БЕСА.

„Ние мислиме дека овој параграф треба да се смени и наместо да биде Републиката да се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат надвор од државата, за нешто што немаме ништо против, бидејќи кој ќе се грижи освен Републиката, мислам дека ништо во суштина нема да се смени во случај доколку во овој параграф пишува вака, Републиката се грижи за нејзините граѓани кои живеат надвор од државата. Мислам дека е истата логика. Се надевам дека во делот на јаваната расправа, владата ќе ги земе во предвид сите забелешки и конечно ќе состави проект на предлог-амандманите кои ќе ја отсликуваат мултиетничката реалност на Македонија“, изјави Сирија Рушиди, пратеник на АА.

И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, имаа свои забелешки. Тие велат дека Македонија нема територијални претензии кон ниту една држава и поради тоа такво нешто не треба да се вметнува во уставот.

За ова реплицираше зм.министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој што рече дека со овој договор Македонија станала пример за затворање на прашањата со соседите на пријателски начин.

По завршувањето на дебатата од втората фаза и усвојувањето на нацрт-амандманите, повторно се испраќаат во комисијата за Уставни прашања на јавна девата која ќе трае 5 работни дена. Потоа, амандманите треба да се потврдат со 2/3 мнозинство од гласовите на пратениците, односно со најмалку 80 гласа на пленарна седница.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21