Американскиот технолошки гигант „Амазон“ планира да го намали бројот на корпоративни работни места за околу 30.000 почнувајќи од утре, бидејќи компанијата работи на намалување на трошоците, изјавија денес три лица запознаени со ситуацијата, објави CNBC.
Овој потег е одговор на прекумерното вработување за време на најголемата побарувачка за време на пандемијата, според американската телевизиска мрежа.
Наведениот број на планирани отпуштања сè уште претставува мал процент од вкупно 1,55 милиони работници на „Амазон“, но речиси 10 проценти од приближно 350.000 корпоративни вработени во компанијата.