Амазон сака роботите да заменат 600.000 работници во САД

Амазон започна планови за масовно автоматизирање на своите операции, што би елиминирало повеќе од 600.000 работни места во Соединетите Американски Држави до 2033 година, според интерни документи до кои дојде Њујорк Тајмс (NYT).

Документите откриваат дека компанијата очекува, со помош на роботи, да го удвои обемот на продажба со помала работна сила, објавува Verge.

Според извештајот, одделот за роботика на Амазон има за цел да автоматизира дури 75 проценти од сите деловни процеси во магацините и логистиката. До 2027 година, автоматизацијата би можела да елиминира околу 160.000 работни места, заштедувајќи ѝ на компанијата околу 12,6 милијарди долари, или 30 центи по испратена ставка.