Америка и постави ултиматум на Украина: „Намалете го тонот и потпишете го тој договор“

Советникот за национална безбедност на Белата куќа упати остра порака до Украина.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц денеска испрати остра порака до Украина во врска со договорот за ретки минерали. Волц во изјава за „Фокс њуз“ апелираше до Украина „да го намали тонот, добро да размисли за се и да го потпише тој договор“, пренесува „Ројтерс“.

Украина одби да потпише договор за барањето на Соединетите Американски Држави за украинските ретки минерали. Ова е условот на американскиот претседател Доналд Трамп за Америка да продолжи да ја поддржува Украина во воена и финансиска смисла.

„Отпорот на Украина кон овој договор и начинот на кој Трамп ги води мировните преговори е едноставно неприфатлив, особено ако се земе предвид сето она што САД досега го направија за Украина. Секако дека е можно да се надминат овие разлики бидејќи претседателот Трамп го сака украинскиот народ.

Во дипломатијата има термин за тврдењата на Украина дека не биле консултирани. Тоа се нарекува „шатл-дипломатија“ бидејќи носењето на сите на маса одеднаш едноставно не функционирало во минатото“, додаде Волц.

Да потсетиме, Доналд Трамп јавно го навреди Володимир Зеленски на неговата социјална мрежа „Вистина“. Тој го нарече „диктатор, лош актер и државник кој ја губи својата земја“, а првиот круг од мировните преговори меѓу американската и руската делегација се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното