Американската администрација би можела да воведе царини од 245 отсто на увозот од Кина поради ескалацијата на трговскиот конфликт меѓу земјите, објави прес-службата на Белата куќа.
Во соопштението на американската администрација се потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април воведе царини од 10 отсто за сите земји и поединечно ги зголеми царините за земјите „со кои САД имаат најголем трговски дефицит“. На овој начин претседателот сакаше да ја обезбеди националната безбедност на Америка, потсетува Белата куќа.
После тоа, според Белата куќа, повеќе од 75 земји во светот веќе започнале преговори со Вашингтон за решавање на ситуацијата и склучување нови трговски договори.
„Во светло на овие разговори, поединечните царини се суспендирани за сите земји, освен Кина, која презеде контрамерки. Како резултат на тоа, на Кина сега и се закануваат царини до 245 отсто за увоз од САД“, се наведува во соопштението.
Белата куќа засега не соопштува детали за временската рамка за воведување на споменатите тарифи. Во исто време, Трамп рече дека САД значително профитираат од царините.
„Соединетите Американски Држави добиваат рекордна сума пари благодарение на царините, додека цената на речиси сè паѓа, вклучително и бензинот, храната и речиси сè друго. Паѓа и инфлацијата. Ветувањата се даваат, ветувањата се одржуваат“, напиша Трамп на социјалните мрежи.