Патриција Вилијамс (44) од Мисури е осудена на 12 години затвор откако на 11 август 2023 година запалила куќа со помош на чипс Такис. Таа беше осудена во вторник на 7 јануари, пишува Њујорк пост.
-Намерно ги користев тие чипсови бидејќи знаев дека ќе се запалат поради големата количина на маснотии – пишува во судските документи.
Вилијамс беше фатена од надзорната камера како купува бензин за два долари на бензинска пумпа пред да ја запали куќата.
-Потпалувачката запалила вреќа чипс и ја фрлила на облека натопена со бензин – се наведува во судските документи.
Три лица успеале без повреди да излезат од запалената куќа и ја пријавиле Вилијамс во полиција.