Американската војска го уби водачот на група блиска до Ал Каеда, Абу-Абд ал Рахман ал-Маки во цел напад во Сирија, соопшти Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ). Во соопштението објавено на сајтот на ЦЕНТКОМ, се посочува дека Ал Рахман ал-Маки бил убиен во петокот и дека тој бил водач на групата Хурас ал-Дин, која е блиска до Ал Каеда, пренесува Танјуг.
Хурас ал-Дин е група поврзана со Ал Каеда со седиште во Сирија.