Американски политичар повика на депортација на Селена Гомез

Американскиот политичар Сем Паркер повика на депортација на Селена Гомез откако таа на социјалните мрежи ги изрази своите емоции поради одлуката на Доналд Трамп да депортира Мексиканци.

Не изостана реакцијата на Селена Гомез. Таа се огласи на Инстаграм за да му одговори на Паркер, републиканскиот кандидат за Сенат од Јута за 2018 година, кој на Твитер напиша „Депортирајте ја Селена Гомез“, откако таа го критикуваше видеото на кое плаче поради депортациите.

Пејачката и актерка не чекаше долго на одговор, а во својата објава на Инстаграм напиша: „Ах, господине Паркер, господине Паркер. Ви благодариме за смеата и заканата“.

Гомез претходно на својата приказна на Инстаграм сподели емотивно видео во кое ја изразува својата тага поради депортациите, со солзи велејќи: „Жал ми е, сите мои луѓе се напаѓани, деца. Не разбирам, извинете. Посакувам да можам да направам нешто, ќе се обидам, ветувам“.

Откако го избриша гореспоменатото видео, Селена во следната објава рече: „Очигледно, не е во ред да се покажува емпатија кон луѓето“.

Иако Селена Гомез е родена во САД, таа претходно зборуваше за имиграцијата на нејзиното семејство, која започна со доаѓањето на нејзината тетка која успеа да ја помине границата скриена во камион.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното