Северна Македонија ги заврши домашните обврски за да заслужи членство во НАТО и ЕУ, вели американскиот конгресмен Елиот Енгел во ексклузивно интервју за ТВ21.
Ако требаше јас да гласам, мојот глас ќе беше ЗА членство, вели Енгел, говорејќи за спорот со името и уставните измени, меѓутоа додава дека не е се така совршено.
-Корупцијата е таа за која сите сме загрижени, треба да има постојана борба за чистење на корупцијата. Не е само кај една држава, корупција има во многу балкански земји, затоа мислам дека искоренувањето на корупцијата треба да биде приоритет. Мислам дека кога гледаш како било, какви се можностите за во иднина, мислам дека Северна Македонија заслужува сериозни признанија од НАТО и ЕУ-рече Елиот Енгел.
Енгел смета дека Премиерот го прави најдобриот чекор со борбата за деполитизација на институциите но според него тоа не се постигнува преку ноќ, потребно да се дадат повеќе шанси, бидејќи, какао што додава, и САД не е без проблеми.
На прашањето дали Заев постигнал да ги прекине врските на Северна Македонија со канцерогените надворешни влијанија, Енгел рече дека тоа ќе го покаже времето. Канцерогените врски, како на пример од Русија, Енгел вели дека треба да бидат подалеку од Балканот, за да продолжи градењето на демократијата.
-Јас лично сметам дека стариот автократен систем е реликт од минатото и мислам дека луѓето овде повеќе би успеале работејќи со САД како независна и слободна држава. Знаете дека Русија не работи гратис со вас. Русија се обидува да манипулира и тоа го видовме неколку пати, така што мислам дека кога луѓето гледаат што е најдобро за нив, ги гледаат САД и нештата што ги сакаат. И ние правиме грешки но сме слободни и ја поттикнуваме независноста и либералната демократија-изјави Енгел.
Енгел вчера се сретна со премиерот Заев а денеска со собранискиот спикер Џафери. Им рече дека САД ќе ја продолжат соработката за евроатланскиот пат на Северна Македонија и дека е подготвен да направи се што е во негова моќ земјава да ги исполни овие аспирации.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ