Американскиот Стејт департмент ги отфрли обвинувањата на Кремљ дека е попречена работата на руските новинари во земјата

Соединетите Држави продолжуваат да издаваат визи за квалификувани руски новинари, а во земјата нема претставници на руски медиуми на кои им се одземени овластувањата, соопшти Стејт департментот, цитиран од Ројтерс.

Вчера агенцијата, повикувајќи се на свои извори, соопшти дека Русија ги предупредила американските медиуми дека ризикуваат да ги загубат своите акредитации доколку не се подобри односот кон руските новинари во САД.

Се вчитува...

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ги отфрли обвинувањата на Кремљ дека се попречува работата на руските новинари во земјата, велејќи дека Русија всушност „врши целосно навлегување“ во слободата на медиумите. „Руската влада фундаментално и намерно ја игнорира важноста на слободниот печат, за што сведочи фактот што таа го блокира и забранува речиси секој независен руски медиум што се обидува да ги покрие настаните во оваа земја“, рече тој.