Од 2016 година во постојан пад е бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи, додека пак бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи во кои е вклучено едно или повеќе лица под дејство на алкохол е во рапиден раст, покажува анализата која ја направи 4NEWS.mk со официјални податоци од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Државниот завод за статистика (ДЗС).
ЗАСИЛЕНИТЕ КОНТРОЛИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ
Го анализиравме периодот од 2000 година па се до 2021. Податоците за минатата 2022 година се уште се обработуваат и најрано би биле достапни во вториот месец од годинава. Најголем број на сообраќајни несреќи во овој период се случиле во 2011 година, рекордни 4462 во кои загинале 172 лица. Од 2012 година се намалува бројот на регистрирани сообраќајни несреќи, а со тоа и бројот на загинали лица.
АКО ПИЕШ НЕ ВОЗИ
Загрижуваат податоците за учесници во сообраќајни незгоди во кои вклучено е едно или повеќе лица под дејство на алкохол. Ако во 2000 година имало само 100 такви случаи, во 2021 има рекордни 1442.
Нема голема промена кај потешко или полесно повредените лица во сообраќајни несреќи.
Намалување бележи и бројот на загинати возачи во сообраќајни несреќи.
Се намалува бројот на загинати патници.
Минатата година имавме неколку големи трагични сообраќајни несреќи во кои загинаа пешаци преминувајќи на пешаки премин. Среќа е што тој број се намалува.
2023 година за жал ја започнавме со три жртви во првите денови од новата година. Да се надеваме дека до крајот на годината ќе информираме за позитивни вести и намален број на жртви и случени сообраќани несреќи.