Анел Фидоски е новиот раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, по гласањето на Советот на јавните обвинители каде што мнозинството членови ја поддржаа неговата кандидатура. Тој освои 7 гласа, додека досегашниот шеф Гаврил Бубевски доби 5 гласа.
Во изборот за една од најзначајните позиции во македонското правосудство, учествуваа вкупно пет кандидати: Фидоски, Бубевски, Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
Анел Фидоски е познат по застапувањето на значајни случаи како „Тенковски делови“ и „мала Тамара“. Со неговото назначување, тој ќе ја води најголемата јавна обвинителска институција во земјата, додека Гаврил Бубевски, кој претходно работеше и во поранешното СЈО и го раководеше скопското обвинителство во периодот на создавање на нови одделенија за сложен криминал, не успеа да обезбеди втор мандат.

