Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, во знак на поддршка на спортското стрелаштво во нашата држава, ревијално учествуваше на 18-етиот Меѓународен отворен стрелачки турнир ГРАН ПРИ СКОПЈЕ 2024 (18-th International Open Shooting Tournament GRAND PRIX SKOPJE 2024).
Ова годишно традиционално интернационално натпреварување во повеќе стрелачки дисциплини го организира и реализира Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ), на стрелиштето „Камник“ во Скопје..