Резултатот на анкетата реализирана од Делегацијата на германското стопанство во Македонија, а кои беа објавени вчера, покажаа дека ниту еден германски инвеститор во земјата, не ја оценил добро работата на Владата. Но, за вицепремиерот Кочо Анѓушев, поважни се другите статистички податоци кои ги содржи анкетата. Како што вели тој, 78 % од германските компании повторно би инвестирале во Македонија и дека 45% од компаниите ќе го зголемат нивниот профит во 2019-та година.
Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, повтори дека поголемиот дел од странските инвеститори не се задоволни од работата на Владата, па затоа ја повика да го подобри пазарот на трудот.
-Во текот на истражувањата дојдовме до заклучок дека не можат сите странски инвеститори да бидат задоволни. 50% од нив беа задоволни. Имаше и такви кои беа незадоволни, но треба постојано да работите за да го зголемите процентот на компаниите кои би биле задоволни. Треба заедно да работите на подобрување на пазарот на трудот. Сакам да кажам дека политиките кои ги носи Владата се многу важни за долгорочен економски развој на земјата-рече Мартенс.
Инаку, според анкетата која беше презентирана вчера од членовите на македонско-германско стопанство, на голем број германски компании не им се допаѓа економскиот план и работата на Владата на Северна Македонија. 46% од нив ја оцениле дури и како лоша.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ