Почитуван македонски народе, не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате болка, траума, невиден стрес и го лишувате од сѐ што е за него природно. Мисирката е исто како и човек чувствително и свесно битие, способно за емоции и, наспроти општото убедување, мисирката е интелигентно животно кое во случајов никому ништо не му згрешила.
ВИДЕО: Им избега ќурката, па демонстрантите кои ќе спијат пред Собрание викаа: Врати се Таче!
Анима Мунди го подржува правото на протест и верува во силата на народот, но мачење на животни никогаш не било ниту ќе биде досетливо, креативно – човечно – и најостро го осудуваме.
Приморување на животно да биде меѓу таква толпа народ, со врзани екстремитети, кубено, тегнето, обезличено како да е предмет а не жива душа, е најодвратен облик на мачење на животно. Бараме од организаторите и сите присутни да не бидат инертни пред стравот на ниту едно живо битие и да се оневозможи злоупотреба на животни за било какви цели!
Бараме јасна и недвосмислена осуда на чинот и никако да не се повтори! Бараме птицата итно да се ослободи во нејзината природна средина, или да ни се предаде ако за другото не постои алтернатива.
Интегрално соопштение од Анима Мунди