Анкета на ТВ21: Спасовски оставил најдобар впечаток во 2018

Крајот на годината е период кога се сумираат работите од она што е сработено во изминатите 365 дена.

За таа цел на интернет страницата на ТВ21 поставивме анкета на која прашавме колку сте задоволни и кој од министрите ви остави најголем впечаток во изминатата година.

Се вчитува...

Анкетата за само 24 часа е најпосетуван продукт на веб страницата, а правото на глас го искористиле повеќе од 2000 посетители. До овој момент најмногу гласови има министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, втората позиција ја завзема министерот за надворешни работи Никола Димитров, а веднаш по него е министерката Мила Царовска.

Анкетата е отворена 7 дена, по што ќе биде објавен детален извештај.

Извор: ТВ21