Министерот за економија Крешник Бектеши на друштвената мрежа Фејсбук сподели резултати од спорведена анкета. „ДУИ победник во албанскиот блок“, вака напиша Бектеши.
Според резултати на анкетата, во големо водство е ВМРО-ДПМНЕ према СДСМ, а од албанските партии најголем процент зема ДУИ.
Анкетирањето беше спроведено од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%.
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Анкетата е споведена за потребите на МКД.мк