Македонија

Апасиев до гласачите на СДСМ: Престројте се позади нашиот бајрак, за да ги победиме ДПМНЕ на наредни парламентарни избори

Апасиев до гласачите на СДСМ: Престројте се позади нашиот бајрак, за да ги победиме ДПМНЕ на наредни парламентарни избори

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025 упати апел до гласачите на СДСМ: „Ве пуштија низ вода. Ги предадоа Струмица и Карпош, предадени сте од корумпираното раководство. Престројте се позади нашиот бајрак, за да ги победиме ДПМНЕ на наредни парламентарни избори!”

На завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025, Апасиев се обрати и до левичарите: „Зарем мислевте дека со шеснаесет илјади евра на фејсбук можеме да победиме ламја којашто вцица преку милијарда во овие избори? Тие ги имаа милијардите. Ние им се спротивставивме само со едно брендирано комбе”. 

На крај, Апасиев потсети дека се неопходни измени во Изборниот законик.

„Ви ветуваме дека ќе имате пекол во Собранието ако не го измените Изборниот законик и ако не ни дадете член во Државната изборна комисија!”, порача Лидерот на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни