Пратенички прашања денеска во Собранието, поради тоа што за утре е закажана интерпелација за претседателот Талат Џафери.
Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев рече дека не е задоволен од одговорот добиен за прашањето во каква состојба е нашето културно наследство.
„Прочитав дека сте професорка по англиски јазик, па изгледа со култура имате врска колку јас со нуклеарна физика, но има експерти кои може да ги консултирате…Смејте се, смејте се ни пропаѓа културното наследство додека вие финансирате пеење на детски песнички за УЧК“, рече пратеникот.
Министерката не се појави на говорница по ова.