Апелација го врати предметот за дедото на Тамара од почеток

Апелацискиот суд Скопје го врати предметот за случајот со дедото на малата Тамара на почеток. Љупчо Стојановски на 12 јули годинава беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Новото рочиште, според информациите од Кривичниот суд, е закажано за 5 декември.

Се вчитува...

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни минатата година. Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, чекајќи операција на р’бетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.

Извор: ТВ21