Македонија

Арбен Таравари потпретседател на АА – објавен оглас за претседатели на ограноци

Претседателството на Алијанса за Албанците синоќа го одржа првиот состанок, по Вториот конгрес и по седницата на Собранието.

Со новите промени во партиската организација Алијансата за Албанците ќе има само еден потпретседател а членовите на Претседателството едногласно одлучија за потпретседател да биде избран Арбен Таравари.

Останатите партиски тела ќе се избираат на следните седници на претседателството.

На оваа средба беше одлучено конкурсот за кандидати за претседатели на ограноците на АА да биде објавен од 16 до 23 мај.

„Ги охрабруваме секој кој верува дека ги има соодветните вештини и визија да ги води локалните ограноци на АА, да се пријави и да стане дел од натпреварот“, рече претседателот на АА, Зијадин Села.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни