Чуварите на државата денеска пред граѓаните ги покажаа своите способности. Ренџерите, Волците, ЕБР, прикажаа симулација како би реагирале во случај на опасност.
Тие демонстрираа како се справуваат со “криминалците“.
Исто така покажаа како вежбаат за да се обучат.
Децата беа најстраствени набљудувачи на настанот.
Публиката со аплауз ја поддржа Армијата.
Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска рече дека нашата земја е подготвена да стане 30-та членка на Алијансата.
Децата од здружението Трисомија 21, настапија со песни за љубовта. Потоа беа наградени трите најдобри есеи на тема “НАТО и ТИ“, а наградата е патување во седиштето на НАТО, Брисел.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА
The post АРМ ја демонстрира својата подготвеност, симулација на судир меѓу волците и ренџерите appeared first on ТВ21.