Во рамките на процесот на опремување на Армијата извршен е прием на опрема за лична балистичка заштита (шлемови) и теренски чизми.
Шлемовите се дизајнирани да понудат максимална балистичка заштита и овозможуваат компатибилност со дополнителна опрема за работа во ноќни услови. Новите шлемови се набавени во рамките на процесот за модернизација на Армијата.
Новопримените чизми се изработени според највисоките стандарди и обезбедуваат максимална издржливост, заштита и удобност при извршување на задачи во различни теренски и климатски услови.
