Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска попладнево преку соопштение рече дека ја осудува националистичката реторика и на Косовскиот премиер Албин Курти.
„Силно ја осудувам националистичката реторика и на Косовскиот премиер Албин Курти и сакам да му предложам нова иницијатива – во Приштина улица да биде именувана по Македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев” посочи Арсовска.