Македонија

Арсовска го посети првото бебе родено во Скопје

Арсовска го посети првото бебе родено во Скопје

Од Град Скопје информираат дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска го посетила првороденото бебе во Скопје во 2023 година, кое се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје.

„Град Скопје на мајката и првороденото бебе во новата година им посака многу здравје и радости, со штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци.

За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете. На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите“, велат од Град Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни