Договорите на 33 вработени во Комунална хигиена не им се продолжени поради тоа што раководството не е задоволно од нивниот ангажман но и затоа што не се појавувале воопшто на работа, а не поради тоа што се Албанци, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Се работи за лица кои редовно земале плата а со години не доаѓале на работа додава таа. Вели дека не само во ова јавно претпријатие, туку овој принцип ќе се исполнува секаде каде што има вакви примери.
„Се работи за лица кои што не доаѓале, кои што не си ги извршувале своите работни обврски и најголемиот дел лица кои што воопшто не се појавувале на своето работно место. Секаде каде што постојат вакви девијантни случаи на лица кои што не се појавуваат на своите работни места и не си ги извршуваат своите работни обврски, тоа не значи дека не доаѓаат и заминуваат на работа, има голем број луѓе кои што доаѓаат седат 8 часа и ништо не работат“, вели Данела Арсовска.