Македонија

Артан Груби бил пуштен да избега

Артан Груби бил пуштен да избега

И така. Веќе виденото сценарио за бегство од Македонија, денеска го видовме уште еднаш. Украле 8,2 милиони евра (само од две јавни набавки) и заминаа со нашите пари надвор од државата.

И речиси не верувам дека денеска некој е изненаден од ова сценарио, бидејќи не мора да се навраќаме назад за бегството на Груевски, доволно е само да се вартиме неколку месеци назад, кога на истиот граничен премин, без регистрација помина цела колона сватови одејќи на свадба во Косово и тогаш одговараше еден полициски службеник, но проблемот и натаму остана.

Избега и Блерим Рамадани преку истиот граничен премин на ист начин. Веќе не треба да се криете во гепек или низ шума, ако сте осомничен или обвинет слободно може да ја напуштите Македонија на легален начин.

И во тие случаи и денеска ќе одговараат неколку полициски службеници, ама тоа не е гаранција дека истото нема да се повтори и утре. Не работеле ниту мобилните камери кои на себе ги носат полијаците оти батериите се испразниле, па никој не ги наполнил.

Веќе иселувањето од Македонија не е поради ниските плати, туку поради системот кој сите не труе со години.

И бидејќи Груби ни рече да не измислуваме и шпекулираме дека избегал, еве го чекаме да се врати, ама прво да ги заврши обврските. До кога да чекаме? Не знаеме.

Уреднички коментар

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни