Ивана Атанасоска од Асоцијацијата за цистична фиброза денеска во изјава за медиумите истакна дека протестот го закажале „5 до 12“, но истиот изминува.
„Многу од пациентите немаат време да чекаат за терапија и она што нас не иритира, како пациенти, е тоа што вакви разговори постојано имаме и сме ги воделе, и постојано сме добивале ветување. Не смее да се случи ниту еден живот да биде загубен“, порача Атанасоска.
Таа порача дека тие не се ставка во буџетот, и се сите деца и млади кои сакаат да живеат.