Аудицијата за млади музичари што ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје предизвика лавина реакции и незадоволство кај скопјани, особено кај уметниците кои го доживуваат МКЦ како храм на вистинската уметност и култура. За нив, овој простор треба да биде место за таленти од сите уметнички сфери, а не сцена за избор на турбофолк ѕвезди.
Музичкиот караван на српската продукција, кој ќе дојде во МКЦ, е на потрага по нови таленти. Според неофицијални информации, во жирито ќе биде и познатиот турбофолк пејач Аца Лукас, што дополнително ги изнервирало луѓето кои се против таквиот тип музика и влијание во културниот простор.
На социјалните мрежи се појавија бројни критики, како на пример:
„Каков пораз. МКЦ стана дувло на турбофолк аудиции. Каков пораз за сите нас. Што не успеавме да го спасиме градот од простотилук, насилници и мафија!“
Толку многу јаки домашни и светски музички имиња со своите настапи го издигнале МКЦ во упориште на младешка алтернативна култура, и сега ГОЛЕМИОТ РОКЕР Бени во истово место ќе ги угости Аца Лукас и Мира Шкориќ.
— The Lyric Tenor (@LirskiTenor) May 6, 2025
Честитки, МКЦ го претворивте во биртија како оние на кеј до Пласет.
Познатиот музичар Петар Младеновски од Суперхикс, исто така, ја изрази својата негодување:
„Во МКЦ, Аца Лукас и компанија… Наводно се случува некаква трубо-фолк бљуво-аудиција таму. Ако треба да ископаме 5 дна под дното, нема да успееме! Ова е пародија и срам за нас во секој сегмент на животот. Културата во Македонија ја прогласувам за умрена!“
Новинари, Бени некој успеа да го добие? Да го праша како ваков настан е вдомен во МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН центар?
— Шукар Чавела (@jovanatozija) May 6, 2025
Многумина изразија разочараност што културниот простор, кој години наназад бил препознатлив по својата посветеност на автентичната музика и уметност, сега е на пат да се претвори во аренa за популарни турбофолк жанрови. Ќе видиме какви дополнителни реакции ќе следат и дали ова ќе го доведе до преиспитување на идната улога на МКЦ во скопската културна сцена.