Авганистанскиот државјанин признал дека намерно со автомобил влетал во демонстрантите во Минхен

Авганистански државјанин признал дека со автомобил намерно влетал во демонстрантите во Минхен, а надлежните органи утврдиле дека делото има исламистичка позадина, соопшти денеска обвинителството.

„Тој призна дека намерно налетал на учесниците на демонстрациите. Внимавам да донесувам брзи заклучоци, но врз основа на сите досегашни информации можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“, рече обвинителката Габријела Тилман на прес-конференција, пренесе Ројтерс. Инцидентот се случил вчера околу 10:30 часот кога возачот на автомобилот забрзал, а потоа налетал на демонстрантите во Минхен кои се собрале на покана на синдикатот Верди. Напаѓачот кој со својот автомобил влета во демонстрантите на улицата во Минхен е идентификуван како Фархад Н, 24-годишен Авганистанец, кој дошол во Германија во 2016 година за да побара азил.

Како што пренесува германски Билд, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лием во Минхен, пренесува Танјуг.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното