Тешка дебата е покрената на интернет откако една авиокомпанија воведе таканаречена зона без деца. Иако за никого не е забавно да седи покрај расплакано дете со часови, некои се прашуваат дали забраната за влез во делови од авионот е прифатливо решение за децата.
„Авиокомпаниите очигледно размислуваат да воведат зони без деца во авионите, но навистина е тажно колку малку луѓето имаат толеранција за бебињата и децата. Толку многу што се однесуваат како да не припаѓаат во јавноста“, се вели во објавата со која започна дебатата. .
Свое мислење дадоа повеќе од сто луѓе.
“Забележав како луѓето се лутат на децата во јавноста повеќе од кога било досега. Обично им се смеете, но сега тоа се менува. Чудно е и тажно”, напишала една личност.
„Денес има се повеќе бурни деца, а нивните родители не се симнуваат од мобилните телефони“
Некои коментираат дека мислат дека идејата за воведување зони без деца е одлична бидејќи „не сакаат да толерираат врескање на бебиња за време на повеќечасовен лет“.
„Мислам дека сето она што се случува е мотивирано од промените во родителството. Кога бев тинејџер, децата беа воспитувани сосема пристојно. Денес има сè повеќе бурни деца, а нивните родители не се симнуваат од мобилните. “, вели друг.
„Наместо да се жалите на луѓето кои лошо реагираат на однесувањето на децата, фокусирајте се на учење на вашите деца како да се однесуваат во јавност“, додаде трет.
Дебатата е резултат на најавата на авиокомпанијата „Корендон“ дека делови од нивните авиони ќе бидат само за возрасни, што значи дека малите деца нема да бидат дозволени со нив. На летовите меѓу Амстердам и островот Курасао, од завчера предниот дел на авионот е физички одвоен од остатокот од авионот.
„Ѕидовите и завесите создаваат заштитена средина која придонесува за мирен и релаксиран лет“, објаснуваат од компанијата, додавајќи дека има девет XL седишта со дополнителен простор за нозете и 93 стандардни седишта во зоната за возрасни.
Резервација на места во зоната за возрасни е можна само за лица над 16 години и чини 45 евра во стандардната зона и 100 евра во зоната XL.
