Свет

Авион на Ер Франс исчезна од радар при лет од Париз за Мумбај

Авион кој летат од Париз до Мумбај исчезна од радарите недалеку од иранскиот регион Исфахан.

„Flightradar“ кој го следи авио-сообраќајот, соопштува дека изгубен е сигналот од леталото.

„Авионот AF218 моментално не е видлив за „Flightradar24“. Или е надвор од покривање или слета“, се вели во соопштението од „Flightradar24“.

Авионот полетал од Франција, потоа летал преку Европа и западна Азија по што исчезна од радар во близина на централен Иран.

Пилотот пред исчезнувањето на авионот испратил порака „7700“ што е знак за општа опасност.

Според информациите на Flightradar24, авионот подоцна слетал безбедно.

The post Авион на Ер Франс исчезна од радар при лет од Париз за Мумбај appeared first on ТВ21.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни