Авион на авиокомпанијата „Виз Ер“, кој сообраќал кон Меѓународниот аеродром Скопје, бил пренасочен кон аеродромот во Приштина поради неповолни временски услови над главниот град.
Според податоците од платформите за следење на летови, авионот со број W64732 извесно време кружел над поширокото подрачје на Скопје во обид да добие услови за безбедно слетување.
По неколку неуспешни обиди и поради невремето, донесена е одлука летот да биде пренасочен кон Приштина.
Ваквите пренасочувања се стандардна безбедносна процедура кога временските услови не дозволуваат сигурно слетување на планираната дестинација.