Авионот на индиската авиокомпанија „Вистара ерлајнс“ со 247 патници принудно слета во турскиот град Ерзурум на истокот на земјата по анонимна дојава за бомба, јавува турската државна телевизија ТРТ Хабер.
„Воздушниот простор на Ерзурум е затворен за летови“, изјави гувернерот на Ерзурум Мусрафа Чифтчи за државната новинска агенција Анадолу, додавајќи дека експертите за отстранување експлозив го пребаруваат авионот.