Македонија

АВМУ одреди минутажа за политичките реклами, 8 минути за власта и опозицијата, 1 за другите кандидати

На јавна седница, АВМУ го објави изборниот кодекс до кого треба да се придржуваат медиумите за време на изборната кампања. Виктор Стојанов, раководител на одделот за човекови права и медиумска писменост при АВМУ, вели дека за промоција на кандидатите, на парламентарното мнозинство и опозицијата им следува простор по 4 минути, а една минута за кандидатите кои немаат свој претставник во Собранието или немаат парламентарна група.

Виктор Шиков, раководител на одделот за програмски и административен надзор при АВМУ, потврди дека медиумите кои пренесуваат телевизиски дебати, реализираат интервјуа и настани поврзани со претседателските или локалните избори, треба да го почитуваат начелото на еднаквост. Според него, евентуалните недостатоци на некој кандидат во дебата или интервју, треба да се знаат, докажат и да се објават.

Од друга страна, претседателот на АВМУ, Зоран Трајчевски вели дека во текот на вршењето на контролниот процес од АВМУ, не е забележан некаков прекршок.

Според говорниците, бесплатното рекламирање за кое што е задолжена  Македонската Радио Телевизија треба да се врши во период од 16 до 23 часот.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни