Свет

Австралија го повлече признавањето на западен Ерусалим како главен град на Израел

Австралија го повлече признавањето на западен Ерусалим како главен град на Израел

Австралија денеска ја поништи одлуката на претходната влада, со која беше признат западниот Ерусалим како главен израелски град, наведувајќи дека статусот на градот треба да се реши низ мировни преговори меѓу Израел и палестинскиот народ.

Како што изјави министерката за надворешни работи Пени Вонг, Австралија „секогаш ќе биде цврст пријател на Израел”. Посветена е на решение за две држави, каде Израел и идната палестинска држава коегзистираат во мир во меѓународно признатите граници.

Владата повторно ја обврзува Австралија на „меѓународни напори во одговорната потрага за напредок кон праведно и трајно решение со две држави”, подвлече министерката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни