Свет

Австралиската влада го предложи првиот закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за лица помлади од 16 години

Австралиската влада го предложи првиот закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за лица помлади од 16 години

Австралиската влада планира да го воведе првиот закон во светот кој ќе им забрани на децата помлади од 16 години да користат социјални мрежи.

Премиерот Ентони Албанес рече дека законот, кој ќе биде пред парламентот следната недела, има за цел да ја ублажи „штетата“ што социјалните медиуми им ја нанесуваат на децата во Австралија.

„Ова е за мајките и татковците, кои, како и јас, се загрижени за безбедноста на нашите деца на интернет. Сакам семејствата во Австралија да знаат дека владата ги поддржува“, рече тој, пренесе Би-би-си.

Иако сè уште се разговара за деталите, владата соопшти дека забраната нема да важи за младите кои веќе се на социјалните мрежи.

Нема да има исклучоци кога станува збор за старосната граница за децата кои имаат родителска согласност да ги користат, а социјалните мрежи ќе бидат одговорни за преземање на неопходните чекори за да се спречи пристапот на помладите малолетници.

Албанес исто така, рече дека корисниците нема да бидат казнети и дека ќе зависи од австралискиот регулатор на онлајн сферата – eSafety – да го спроведе законот.

Доколку биде усвоен, ќе стапи на сила за 12 месеци, а потоа ќе се анализира неговата ефикасност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни