Австрија од почетокот на следниот месец ќе ги олесни правилата за носење маски, воведени поради пандемијата на коронавирус, изјави министерот за здравство Јоханес Рауч, цитиран од ДПА.
Обврската за носење маски FFP-2 во јавниот превоз и супермаркетите, која моментално е на сила, ќе биде укината за три месеци во лето, рече Рауч. Маските ќе продолжат да бидат задолжителни во болниците и домовите за стари лица.
„Сега пандемијата ни овозможува да здивнеме“, рече министерот за здравство, додавајќи дека седумдневната инциденца е само 230 нови инфекции на 100.000 луѓе.
Задолжителната вакцинација продолжува да биде суспендирана, изјави министерката за уставни прашања Каролин Едстадлер. На почетокот на оваа година, австрискиот парламент донесе мерка со која вакцините против коронавирус се задолжителни, но таа не беше спроведена.
