Свет

Австрија следната недела организира средба со министрите за одбрана од Западен Балкан

Австрија следната недела организира средба со министрите за одбрана од Западен Балкан

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер ги покани своите колеги од Западен Балкан на конференција на крајот на следната недела.

На форумот во Кремс се поканети министрите за одбрана на Албанија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Србија, Косово, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Полска.

Конференцијата ќе се одржи во четврток и петок, соопшти Министерството за одбрана на Австрија. Станува збор за работен состанок, форум за дијалог за воената компонента и видлива активност на ЕУ, соопшти Министерството. Ќе се разговара за спроведувањето на Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан и за регионалната соработка.

Танер, во септември минатата година, исто така, во Кремс ги повика своите колеги од Западен Балкан со цел да ја зголеми безбедноста во регионот. Тогаш фокус на средбата беше илегалната миграција, а очекувањата се дека и годинава ќе се разговара на истата тема.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни