Автобусите кои ЈСП Скопје ги даде на реверс на Општина Битола за период од шест месеци денеска започнаа да возат на две релации.
Автобусите денеска се пуштени со цел сите ученици да посетуваат настава. Едниот автобус ќе вози за попладневната смена од Ношпал –Новаци кон Битола, а останатите два автобуси ќе бидат вклучени вечерва од 19 и 45 минути и тоа една линија кон Бучин и другиот автобус ќе вози кон Могила и Радобор.
Од Општина Битола информираат дека ова е преземно со цел да им се излезе во пресрет на учениците да не губат настава, бидејќи во вечерните термини нема соодветен општински линиски превоз.
Користењето на автобусите е решение кое се употребува како привремена мерка, додека не заврши постапката за преговарање со превозниците, која е во тек.Општина Битола има сопствен тендер за нафта и течни горива.Со самата регистрација на возилата и поминат технички преглед, автобусите добиле дозвола за сообраќање.
По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието на Р.М., со кој учениците ќе можат да се возат во меѓуопштинскиот и општинскиот линиски превоз, Општина Битола е во постапка на изнаоѓање начини за надминување на негативните состојби со превозот на ученици, стои во информацијата од општина Битола.
